Надал ги пропушта ЛОИ во Токио?

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал би можел да ги пропушти ЛОИ во Токио. Тој се уште не е сигурен, но ја размислува и таа опција поради пандемијата од коронавирусот.

„Не знам. Се уште немам прецизен одговор на ова прашање. Во нормални околности не би ни помислил да ги пропуштам игрите, бидејќи тоа натпреварување ми е многу важно. Меѓутоа во оваа ситуација во која сме денеска, не сум сигурен“, изјави Надал.

Шпанецот стигна до златниот медал на игрите во Пекинг во 2008 година. ЛОИ во Токио почнуваат на 23. јули.

Се вчитува...