Надал го дочека мај без титула, првпат по 2004 година

Рафаел Надал го дочека мај без ниту една освоена титула, првпат по 2004 година. Вториот тенисер на светот сезонава, играше само едно финале, на Австралија опен кое го изгуби со убедливи 0-3 во сетови од Србинот Новак Ѓоковиќ.

На мастерсот во Индијан Велс стигна до полуфиналето, каде поради повреда му го предаде мечот на Роџер Федерер, а потоа мораше да го пропушти и мастерсот во Мајами. Во Монте Карло и во Барселона настапот го заврши во истата фаза, каде беше елиминиран од Фабио Фоњини и од Доминик Тим.

Последен пат кога „кралот на земјата“ до месец мај не успеа да освои турнир беше во далечната 2004 година. Таа година Надал го освои првиот професионален турнир кога во месец август триумфираше во полскиот Сопот. Оттогаш, па се до 2019 година, тој триумфираше на барем еден турнир до месец мај.

Се вчитува...