Надал го нападна Ѓоковиќ – Некои луѓе сакаат цел свет да знае што прават

По неколку недели молк, Рафаел Надал конечно се огласи по повод прашањата околу карантинот во Мелбурн. Шпанскиот тенисер кој во група со најдобрите тенисери се наоѓа во Аделаид, каде условите се далеку подобри од тие во Мелбурн, даде свое видување околу целата ситуација во која се најдоа тенисерите во Австралија.

„Не можеме да се жалиме на околностите. Нормално е на некој да му пречат нашите привилигирани позиции во Аделаид и тоа го почитувам. Сепак, некои во Мелбурн имаат многу поголеми соби каде може да се одвиваат физички активности, но некои имаат и помали каде може да седат само со тренерот и физиотерапевтот. Не некои им е потребно да објават се што прават за другите. Некои од нас тоа го прават приватно без да истрчаат до медиумите за тоа да се објави“, изјави Надал. 

Првиот грен-слем во сезоната стартува на 8. февруари, а бранител на трофејот од минатата година е Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...