Надал го освои турнирот во Мелбурн

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на АТП 250 турнирот во Мелбурн. Тој во финалниот меч го совлада Американецот Максим Креси со 2-0, по сетови 7-6 и и 6-4. Првиот сет ни донесе голема борба во која по час и шест минути ја доби некогашниот прв рекет во светот во тај-брејк со 8-6.

Во вториот сет Американецот прв стигна до брејк, кој Надал веднаш го врати и на крајот успеа да го добие сетот со 6-4. За популарниот Рафа ова е 89. титула во кариерата.

 

Се вчитува...