Надал го откажа настапот во Дубаи

Еден од најатрактивните АТП турнири започнува следната недела (14 март), а тоа е турнирот во Дубаи. Оваа година организаторите му испратија вајлд-карта на Рафаел Надал, сепак, Шпанецот го откажа својот настап во Дубаи и со тоа ги „разочара“ организаторите и фановите.

Надал се заблагодари на организаторите за поканата, укажувајќи дека се уште не се чувствува подготвен за настап и не е во посакувана форма.

“Благодарност до луѓето од Дубаи за поканата. Разговарав со мојот тим за доаѓање на турнирот, но мислам дека не сум подготвен за да бидам на вистинско ниво, нешто што е неопходно за ваков турнир. Уште еднаш, благодарам на организаторите и со среќа на турнирот“, рече Надал.

Инаку, Ѓоковиќ ја освои титулата во Дубаи минатата година, а Федерер ќе биде таму годинава.

Се вчитува...