Надал го откажа Париз, Ѓоковиќ е нов број 1 во светскиот тенис

Рафаел Надал го загуби првото место на АТП-листата откако реши воопшто да не настапи на Мастерс-турнирот во Париз. Шпанецот допатува во „градот на светлината“ и денеска требаше да се сретне со сонародникот Фернандо Вердаско, но неколку часа пред овој меч реши да не настапи поради болка во коленото.

Откажувањето од Париз значи и губење на важни АТП-бодови, без кои Надал ќе го загуби и врвот на АТП-листата. Имено, без оглед кој ќе го освои овој силен турнир, самото откажување на Шпаненцот значи дека од почетокот на наредната седмица на врвот од новата АТП-листа ќе се најде Новак Ѓоковиќ.

Својот настап во Париз денеска поради повреда го заврши и Милош Раониќ, кој обелодени дека нема да може да настапи на дуелот со Роџер Федерер, па Швајцарецот без борба се пласираше во осминафиналето од Мастерс-турнирот, каде ќе се сретне со Фоњини.

Се вчитува...