Надал го победи Нишикори за четвртфинале во Барселона

Рафаел Надал во три сета беше подобар од Јапонецот Кеи Нишикори за четвртфинале на АТП турнирот во Барселона.

Во меч со променливо темпо на игра, третиот светски рекет за два часа и 20 минути игра успеа да победи со 6-0, 2-6, 6-2.

Во четвртфиналето шпанскиот тенисер го очекува мечот со Британецот Камерон Нори.

Се вчитува...