Надал го прекина постот, преку Ѓоковиќ во Рим до прва титула во 2019

Рафаел Надал дојде до деветтата титула од тенискиот Мастерс во Рим откако забележа голема финална победа над жестокиот ривал Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови.

За Надал ова прв трофеј во 2019 година, а 34 титула од Мастерс турнирите, а и натаму останува подобар во меѓусебните пресметки со Ѓоковиќ на турнирот во главниот италијански град, сега има 3-2 во финалињата и вкупни 5-3. Ова е трета последовна победан а Надал над Ѓоквиќ на земејен терен.

Надал го шокираше Ѓоковиќ одземајќи му го воведниот сет со 6-о, Србинот се врати во живот и покрај катастрофата во стартниот сет и вториот го доби со 6-4. Решавачкиот сет повторно мина во доминација на Надл кој му дозволи на Ѓоковиќ само еден гем. Српскиот тенисер останува на четирите трофеи од Рим.

 

 

 

Се вчитува...