Надал го преслуша и Вердаско на Мастерсот во Рим

Рафаел Надал продолжи со одличната игра на Мастерсот во Рим, откако во четвртфиналето го совлада сонародникот Фернандо Вердаско со 2-0, по сетови 6-4 и 6-0. Во првиот сет Вердаско беше достоен противник. Прв стигна до брејк и водство од 3-1, а при резултат 4-4 имаше три брејк-топки кои не успеа да ги искористи.

Деветтиот гејм во првиот сет беше клучниот во натпреварот, бидејќи до крајот Надал не му дозволи ниту еден гејм на противникот. Во полуфиналето тој ќе се сретне со Стефанос Циципас од Грција, кој без борба го доби мечот со Федерер.

Последниот полуфиналист на Мастерсот во Рим ќе биде познат вечерва, кога се среќаваат Ѓоковиќ и Дел Потро. Победникот од мечот во полуфиналето ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман кој беше подобар од Јапонецот Кеј Нишикори со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.

Се вчитува...