Надал го преслуша Вавринка, следен противник Циципас

Рафаел Надал го преслуша Швајцарецот Стен Вавринка за само еден час и осум минути, во четврфиналето на Мастерсот во Мадрид, совладувајќи го со убедливи 6-1 и 6-2. Популарниот Рафа беше далеку подобар од својот противник, а за неговата доминација говори фактот, што во првиот сет тој имаше само две неизнудени грешки.

Во полуфиналето Надал ќе се сретне со Гркот, Стефанос Циципас кој го совлада Германецот, Александер Зверев со 2-1, по сетови 7-5, 3-6 и 6-2.

Во второто полуфинале ќе играат првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ кој без борба го доби четвртфиналето против Хрватот Марин Чилиќ и Доминик Тим од Австрија, кој беше подобар од Роџер Федерер.

Се вчитува...