Надал го „збриша“ Димитров за четвртфинале во Монте Карло

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето во Монте Карло победувајќи го во два сета Григор Димитров.

Бранителот на титулата за само 94 минути успеа да го победи бугарскиот тенисер со 6-4,6-1.

Првиот сет беше клучен. Траеше 56 минути, а откако Надал успеа да го добие во вториот имаше само лесна задача за конечна победа.

Надал во четвртфиналето ќе игра против Гвидо Пелје, кој по голема борба го победи Марко Чекинат.

Се вчитува...