Надал го „збриша“ Тим за финале со Вавринка!

Шпанецот Рафаел Надал ќе игра во финалето на Ролан Гарос против Станислас Вавринка откако во полуфинаната пресметка убедливо, во три сета, го „збриша“ Австриецот Доминик Тим.

Тим, претходно доминантно во три сета го елиминираше Новак Ѓоковиќ, но во полуфиналето беше апсолутно немоќен против расположениот Надал кој славеше со 6-3,6-4,6-0, за околу два часа игра.

Ова беше нивна седма меѓусебна пресметка, а четврта во 2017 година. Надал стигна и до петтиот триумф против Тим, а оваа година и до третата победа.

Како што е познато, претходно Вавринка претходно во пет сета, по голема борба, во првото полуфинале го победи најдобриот светски тенисер Енди Мареј.

Се вчитува...