Надал: Ѓоковиќ повеќе нема да освои Гренд слем трофеј

Тони Надал, чичкото на Рафаел Надал и негов поранешен тренер, во интервју за „Мундо депортиво“ зборуваше меѓудругото и за Новак Ѓоковиќ.

Тој смета дека ерата на  Србинот е завршена, и дека тој повеќе нема да освојува Гренд слем турнири.

„Тешко ми е да поверувам дека може да освои уште некој Гренд слем. Го победи Синер во Австралија, но не и Алакраз во финалето. Синер немаше добар ден, а не беше добар ниту во турнирот во целина. Новак знаеше како да го искористи тоа. Одигра одличен прв сет во финалето, но немаше сила да го одржи тој ритам. Новак уште може да игра на високо ниво, но проблем е да го одржи тоа ниво два часа. Тука го гледам проблемот кај него“, изјави Тони Надал.

Се вчитува...