Надал: Ѓоковиќ веќе не е најдобриот тенисер во историјата

Поранешниот тренер и чичко на Рафаел Надал, Тони говореше на темата кој е најдобар тенисер на сите времиња.

Тој по случувањата во Австралија на почетокот на годината кога Ѓоковиќ беше депортиран од земјата, а неговиот внук го освои турнирот во Мелбурн, вели дека некои работи околу дебатата кој е најдобар на сите времиња се промениле.

„Рафа имаше многу повреди и поради тоа мораше да пропушти многу гранд-слем турнири во кариерата. Од друга страна Род Лејвер два пати успеваше да освои календарски „гранд-слем“. Во моментов дебатата за најдобар на сите времиња е меѓу нив двајца, Новак не е во неа“, изјави Тони Надал.

 

Се вчитува...