Рафаел Надал и Карлос Алкараз ќе одиграат егзибициски меч на 3. март во Лас Вегас. Од оваа информација не е тешко да се извлечат два заклучоци. Првата – Закрепнувањето на Рафа и подготовките за новата сезона се одвиваат подобро од очекуваното, бидејќи во спротивно овој натпревар немаше да биде закажан.
Надал не е во финансиски проблеми да го ризикува своето здравје со натпревари кои не се важни. Од друга страна, тој не е играч кој само би излегол на теренот.
„Многу сум возбуден поради моето прво пристигнување во Лас Вегас, еден од најзабавните градови во светот. Исто така, мило ми е што Алкараз ќе ми биде противник. Сигурен сум дека тоа ќе биде ноќ на фантастичен тенис“, изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА