Надал и Фоњини експресно до осминафинале на Австралија Опен

Шпанецот Рафаел Надал и Италијанецот Фабио Фоњини експресно се пласираа во осминафиналето на Австралија опен, по победите во три сета во 3. коло.

Надал, без поголеми проблеми, со 7-5, 6-2 и 7-5 славеше против Британецот Камерун Нори.

Фоњини, пак, со 6-4, 6-3, 6-4, беше подобар од Австралиецот Алекс Де Минор.

Се вчитува...