„Надал и Ѓоковиќ може да освојат колку сакаат грен-слем титули, Федерер секогаш ќе биде број 1“

Поранешната руска тенисерка Надја Петрова нема дилема кој е најдобар на сите времиња. Дебатата околу тоа кој на крајот од краиерата меѓу Ѓоковиќ, Надал и Федерер ќе заврши со најмногу грен-слем титули никако да сопре. Според Русинката како и да заврши цела работа според неа нема дилема дека Федерер е најдобриот што некогаш играл.

„За мене Федерер секогаш ќе биде број 1. Што се однесува до стилот, способноста да игра добро на секоја подлога. Роџер е совршен“, изјави Петрова. 

Надја Петрова најдобриот ранкинг го имаше во мај 2006 година кога беше трета на ВТА листата, а најдобар пласман на грен-слем турнирите имаше на Ролан Гарос во 2005 година кога стигна до полуфиналето.

Се вчитува...