Надал и Мареј без проблеми, Конта го доби маратонот на Вимблдон

Првиот светски рекет, Британецот Енди Мареј, и шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираа лесно во следната рунда на гранслем турнирот Вимблдон. Мареј со 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-2) го совлада Дастин Браун, додека Надал исто така максимално, со 3-0 во сетови (6-4, 6-2, 7-5) беше подобар од Доналд Јанг. Во следното коло одат и Кеи Нишикори, Марин Чилиќ и Жо Вилфрид Цонга.

Во женска конкуренција, меч на денот на турнирот беше дуелот меѓу Јоана Конта и Дона Векиќ. Седмата светска тенисерка го доби мечот со 2-1 во сетови, по голема и жестока борба во третиот сет. Конта го доби првиот сет во тај-брејк, возврати Векиќ со 6-4 во гемови во вториот сет, а третиот беше драматичен и исцрпувачки и и припадна на Конта со 10-8 во гемови.

Се вчитува...