Надал и Шарапова рутински го почнаа Австралија Опен

За Рафаел Надал немаше апсолутно никакви потешкотии на стартот на првиот годинашен тениски грен-слем Австралија Опен. Вториот тенисер во светот, рутински во три сета забележа победа во првото коло над Џејмс Дакворт. Надал одигра колку што му беше потребно иако беше очигледно дека не е до крај физички подготвен и за нешто повеќе од два часа оствари тирумф од 6-4, 6-3 и 7-5.

Во второто коло досега пласман обезбедија и Андерсон, Циципас, Димитров, Де Минаур, Хачанов и Троицки, а најголемо изденадување на првото коло досега е елиминацијата на Џон Иснер кој загуби од сонародникот Рајли Опелка со 3-1 во сетови.

Марија Шарапова беше безмилосна кон британската квалификантка Хериет Дарт и во првото коло во Мелбурн ја совлада експресно во два сета недозволивајќи и ниту еден гем (6-0,6-0). Во второто коло, Шарапова ќе игра против Ребека Питерсон.

Од фаворитките, засега нема позначајни елиминации. Во второто коло пласман обезбедија Слоун Стивенс, Анжелик Кербер како и Кики Бертенс. Во стартната рунда елиминирана е Јелена Остапенко која загуби од Марија Сакари во три сета.

Во историјата на Австралија опен влезе мечот меѓу Кејти Батлер и Јекатерина Макарова кој е првиот во историјата решен по новото правило за тај-брејк кој се играше до 10 поени. Славеше Британката со 6-0, 4-6 и 7-6 (10-6).

Се вчитува...