Рафаел Надал го совлада Стефанос Циципас во финалето на АТП 500 турнирот во Барселона. Во еден неворојатен трилер меч по нешто повеќе од три и пол часа популараниот Рафа славеше со 2-1, по сетови 6-4, 6-7 и 7-5.
Со овој триумф Шпанецот му се реваншираше на Гркот за поразот на Австралија опен годинава. Ова за Надал беше рекордна 12. титула во Барселона, со која уште еднаш докажа дека е најдобриот тенисер што некогаш играл на земјена подлога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА