Надал избра два турнира за до крајот од годината

Рафаел Надал до крајот од годинава ќе игра на само уште два турнира, на Мастерсот во Париз и на завршниот турнир на осумтемина најдобри во сезоната во Лондон. Шпанска „Марка“ тврди дека ова е стретегијата на специјалистот за земејни терени кој со победата на Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос го израмни рекодот на Роџер Федерер со 20 грен-слем титули во кариерата.

Турнирот во Париз е закажан за почетокoт на ноември, од 2. до 8., а финалето на сезоната во Лондон треба да се одржи од 15. до 22. ноември. Надал доби специјална покана за турнирот во Виена, но реши да не учествува.

 

 

 

 

Се вчитува...