Надал ја прескокна првата пречка во Рим

Рафаел Надал стигна до тешка победа над младата италијанска надеж Јаник Синер во 2. коло од АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим. Шпанецот беше подобар од Синер со 2-0 во сетови 7-5 и 6-4. Во осминафиналето Надал ќе игра против Канаѓанецот Денис Шаповалов.

Данил Медведев доживеа рана елиминација откако загуби од Аслан Карацев со убедливи 6-2 и 6-4. Пласман во осминафиналето од фаворитите обезбедија Александер Зверев, Доминик Тим, Стефанос Циципас и Андриј Рубљов.

Кај дамите младата аргентинска тенисерка Подороска и го расипа јубилејот 1000 меч на ВТА турнејата на Серена Вилијамс, добивајќи ја легендарната Американка со 2-0 (7-6 и 7-5). Во осминафиналето се пласираа Ешли Барти, Елина Свитолина, Арина Сабалјенка и Анжелика Кербер.

Се вчитува...