Надал касно по полноќ до полуфинале на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успеа доцна по полноќ да го победи 19-годишниот Италијанец Јаник Синер со 7-6,6-4,6-1 и по два часа и 49 минути интензивна борба да се избори за полуфинале на Ролан Гарос.

Надал во полуфиналето ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман кој во пет сета и повеќе од пет часа борба славеше против победникот на УС Опен, Доминик Тим со 7-6,5-7,6-7,7-6,6-2.

Шпанецот по 13. пат стигна до полуфинале на Ролан Гарос, а интересно секогаш досега, 12 пати, кога успевал да стигне до полуфиналето доаѓал и до титулата во Париз.

Се вчитува...