Надал казнет на Вимблдон за предолго пресоблекување

Рафаел Надал вели дека требало да се снајде подобро, односно да побара пауза за тоалет, за да го избегне прекршувањето на временскиот лимит за промена на облеката. Во дуелот од второто коло против Казахстанецот Кукушкин, двократниот освојувач на Вимблдон доби казна бидејќи го надмина времето кое што е дозволено за пресоблекување.

„Нема часовник или одбројување на времето. Тешко ми е да сфатам што се случува. Во Австралија и на Ролан Гарос има поставено часовници и така успевам да не доцнам“ – изјави Надал по мечот од второто коло.

Шпанскиот тенисер, кој е познат по речиси опсесивните ритуали во текот на мечевите и предолгото време кое му е потребно за нив,  во третото коло ќе игра против австралискиот тинејџер Алекс де Минур.

Се вчитува...