Надал ќе се откаже од Вимблдон?!

Рафаел Надал со наведната глава го напушти теренот на Ролан Гарос по синоќешниот пораз од Новак Ѓоковиќ, по што шпанскиот тенисер најави дека сега би можел да земе кратка пауза од тениските турнири.

Веќе за две седмици на програмата стартува Вимблдон, но Надал сериозно размислува да го пропушти овој гранслем турнир за да може да ги наполни батериите пред настапот на ОИ во Токио.

„Ќе видиме што е следно за мене, кој ќе биде следниот турнир на кој ќе играм. Планирам да одам дома, да минам време во својата куќа, со семејството и пријателите. Ова беа интензивни два месеци, морам да се одморам и физички и психолошки“, изјави Надал.

Извори блиски до Шпанецот тврдат дека тој нема по секоја цена да патува за Лондон, а доколку во следните денови не почувствува подобрување на состојбата и официјално ќе го откаже настапот на Вимблдон.

Ова ќе значи и губење на нови бодови на АТП-листата, ако се знае дека Надал на последниот настап на Вимблдон стигна до полуфиналето, каде беше поразен од Роџер Федерер.

Се вчитува...