Надал ќе се врати на тенисот, по една година пауза

Рафаел Надал напорно работи на надминување на здравствените проблеми и се очекува да се врати на тениските терени на почетокот од 2024 година, со настап на Австралија Опен.

Шпанската тениска легенда пред неколку месеци најави дека 2024 ќе биде негова последна година во кариерата, не најави на кои турнири планира да настапи, но неговиот вујко Тони Надал денеска обелодени дека рехабилитацијата тече според планот. Доколку не се појават нови проблеми, шпанскиот ас ќе се појави на Австралија Опен, последниот турнир на кој настапи во 2023 година пред да почне долгата пауза.

„Рафа се чувствува добро, успешно се опоравува. Рехабилитацијата оди според планот, тој тренира на терените на својата академија во Мајорка и го очекува почетокот на следната сезона. Ако се оди според планот, тој ќе се врати на терените на Австралија Опен 2024. Тоа е неговата желба“, обелодени Тони Надал.

Се вчитува...