Надал: Кој е најдобар на сите времиња? Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до 24. грен-слем титула во својата кариера откако славеше против Русинот Данил Медведев на последниот голем турнир во сезоната – УС Опен.

Србинот по победата доби пофалби од сите страни, а и од вујкото на Рафаел Надал и воедно неговиот поранешен терен кој вели дека кога станува збор за кој е најдобар на сите времиња повеќе нема дилема – тоа е Новак Ѓоковиќ.

„Новак Ѓоковиќ е голем шампион и тешко кој може да го стигне па дури и мојот внук. Тешко е да се каже кој е најдобар на сите времиња, но морате да се одлучите за Ѓоковиќ бидејќи титулите говорат во негова корист. Лично мислам дека Роџер Федерер едно време играше на повисоко ниво од Новак, но реалноста е дека во светот на спортовите бројките не лажат, а тие говорат дека Новак е најдобар во историјата“, вели Надал.

Се вчитува...