Надал конечно се огласи за Новак Ѓоковиќ и „Адриа тур“

Рафаел Надал за првпат се огласи околу ситуацијата со „Адриа тур“ поради која Новак Ѓоковиќ беше нападнат од светската јавност бидејќи поголемиот дел од тенисерите кои учествуваа на турнирот се заразија со коронавирус.

„Секако дека беше грешка организирањето на турнирите во Србија и во Хрватска, но грешките се нормални кога се соочувате со ситуација со која претходно не сте се соочиле. Тенисерите ќе мора да носат одлуки и не викам дека сите ќе бидат исправни. Секоја одлука може да биде грешна или исправна. Се наоѓаме во непредвидлива ситуација. Се надевам дека луѓето ќе земат пример од „Адриа тур“ и дека ќе продолжиме во вистински правец“, изјави Надал. 

Надал го откажа своето учество на УС опен и веќе почна со подготовки за Ролан Гарос.

Се вчитува...