Надал лесно до третото коло во Мелбурн

Тенсерот број два во светот, Рафаел Надал без многу мака се пласираше во третото коло од првиот годинашен грен-слем, Австралија Опен. Во втортата рунда, Шпанецот во три сета (6-2,6-3,6-2) го победи домашниот тенисер Метју Ебден. Во третото коло, Надал ќе се соочи повторно со Австралиец, 29-то рангираниот Алекс Де Минаур кој во второто коло забележа победа од 3-2 во сетови над Анри Лакосен.

Претходно, во ноќниот дел од програмата, вторто коло од фаворитите го мина и Григор Димитров кој со 3-1 во сетови го победи Пабло Куевас.

На женскиот дел од турнирот, Анжелик Кербер и Петра Квитова остварија победи во два сета во дуелите од второто коло. Кербер за пласман во третата рунда ја победи Романката Бегу, а Квитова славеше над Бразилката Хадад Маја.

Се вчитува...