Надал му честиташе на Ѓоковиќ: Заслужено Ноле, уживај во триумфот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му честиташе на Србинот Новак Ѓоковиќ за освоената десетта титула на Австралија опен со која се израмни по бројот на гранд-слем титули (22) со големиот ривал.

Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен, откако во финалето во Мелбурн го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6-3, 7-6 (7-4), 7-6 (7-5).

„Неверојатно достигнување. Честитки за вас и вашиот тим. Заслужено, уживајте во Ноле“, напиша Надал на својот Инстаграм профил.

Српскиот тенисер со триумфот во Мелбурн стигна до својот 22. гранд-слем трофеј, колку што има и Надал. Ѓоковиќ од понеделник и официјално го презеде првото место на АТП листата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Се вчитува...