Надал му отстапи само еден гем и на Башилашвили

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема проблем ниту кога игра два меча во еден ден. Им отстапува само по еден гем на ривалите. По дуелот со Шарди, Надал повторно излезе на теренот во Рим и го совлада Николос Башилашвили со 2-0 во сетови. Грузискиот тенисер имаше сили да освои само еден гем во првиот сет.

Во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим, Рафа Надал ќе игра против сонародникот Фернандо Вердаско. Тој со 2-1 во сетови го елиминираше рускиот тенисер Карен Качанов.

Се вчитува...