Надал му се „одмазди“ на Шварцман за поразот во Рим

Рафаел Надал му се реваншираше на Диего Шварцман за поразот на Мастерсот во Рим, откако во полуфиналето на Ролан Гарос го совлада со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-3 и 7-6. Првите два сета Шпанецот ги доби со идентични 6-3, додека Аргентинецот најголем отпор даде во третиот сет во кој успеа да стигне до тај-брејк, но со неколку грешки му дозволи лесен триумф на Надал.

Надал во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас. За популарниот Рафа ова е 99 победа и вкупно 13. финале на Ролан Гарос, а досега има освоено 12 титули.

Се вчитува...