Надал му се одмазди на Зверев за поразот во Мадрид

Рафаел Надал му се одмазди на Германецот Александар Зверев за поразот минатата недела во Мадрид, откако во денешното четвртфинале во Рим славеше со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

Во натпревар кој траеше нешто повеќе од два часа клучот за победата на Шпанецот беше тоа што играше подобро во клучните поени. Во полуфиналето Надал ќе игра против Рејли Опелка од САД, кој во првото четвртфинале со 2-0 (7-5 и 7-6), славеше над Аргентинецот, Федерико Делбонис.

Во останатите два четвртфинални дуела се среќаваат Новак Ѓоковиќ – Стефанос Циципас и Андреј Рубљов и Лоренцо Сонего.

Се вчитува...