Надал најави голем „кам-бек“ – Шпанецот се враќа на турнир на кој е апсолутен рекордер

Најдобриот шпански тенисер на сите времиња, Рафаел Надал, ќе игра на турнирот од серија 500 во Барселона. Информацијата ја потврдија организаторите на овој тениски турнир. Рафа не успеа да направи голем резултат на Австралија опен, каде во четвртфиналето беше запрен од гркот Стефанос Циципас. Тој поради повредата се откажа од натпреварувањето во Ротердам, потоа во Дубаи и Акапулко, а нема да биде ниту во Мајами, како и неговите најголеми ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Неговата повреда и пауза ги „искористи“ Русинот Данил Медведев, кој го престигна на АТП-листата, па сега тој е оној кој го зазема второто место.

Рафа е исто така на списокот на учесници на турнирот во Монте Карло, но сè уште нема официјална потврда дали ќе се појави во Монако. Турнирот во Барселона ќе се одржува од 19 до 25 април, а Шпанецот овде има освоено рекордни 11 титули.

Се вчитува...