Надал: Не е во ред тоа што го прави Вимблдон

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вели дека не е во ред тоа што единствено на Вимблдон, постојат посебни критериуми за одредување на носители на турнирот. Вимблдон има посебна формула која ги зема предвид најдобрите резултати на трева во последните две години и така ги одредува носителите, а поради тоа Федерер ќе биде втор носител, а Надал трети, иако тој е пред Швајцарецот на АТП листата.

„Мислам дека не е во ред Вимблдон да биде единствениот турнир кој има сопствени критериуми за одредување на носители. Не е во ред што само Вимблдон има право да прави што сака и тоа не е само до мене, туку и другите тенисери се жалат. Не се почитува тоа што го правиме во текот на годината“, изјави Надал. 

Надал минатата година загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето во пет сета, а годинашото издание на неофицијалното светско првенство почнува на 1. јули.

Се вчитува...