Надал: Не ме оптоварувајте со Ѓоковиќ…

Рафаел Надал по поразот во полуфиналето на Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ се враќа на терените. Шпанскиот тениски ас ќе настапи на престојниот турнир во Вашингтон кој за него ќе служи како „тренинг“ за престојниот турнир во Њујорк каде ќе се обиде да стигне до 21. гренд-слем титула во својата кариера.

„Мислам дека се уште не сум 100% подготвен, но целта ми е да се приближам на тоа ниво на денот кога ќе започне турнирот“, вели Надал.

Новак Ѓоковиќ со освојувањето на турнирот во Париз, а потоа и Вимблдон се израмни со Надал и Федерер по бројот на освоени гранслем титули, но Шпанецот вели дека 20. трофеј на Србинот не му дава дополнителна мотивација, напротив не сака да размислува за „рекетот број еден“.

„Искрено тоа е подеднакво важно како и секогаш. Фактот дека Новак има 20 титули, Роџер има 20 титули и јас имам 20 титули не ми дава дополнителна мотивација, ниту притисок. Мојот пристап нема да се промени. Јас секогаш сум ист, гледам за себе, а не за другите. Доколку играат Новак или Роџер таму и победат, браво за нив. Нема да се фрустрирам за тоа. Знам дека постигнав нешто за што не можев ни да сонувам. Ќе продолжам да се боран, да работам. Затоа, не сакам кога ме оптоваруваат со бројките на Ѓоковиќ“, додава шпанскиот тенисер.

Се вчитува...