Надал: Не се плашам од денот кога ќе заминам во пензија

Второрангираниот тенисер во светот, Рафаел Надал, вели дека сè уште не размислува за пензија, но и дека не се плаши од пензионерските денови кои порано или подоцна треба да се случат. Шпанецот смета дека е подготвен психолошки да ги издржи ваквите моменти кои за некоја година ќе бидат реалност.

Рафа е познат по неговата одлична физичка спремност и кондиција, но годините никој не може да ги оспори, па телото полека ги откажува брзите рефлекси кои се неопходни за една динамична игра како тенисот.

„Мислам дека сè уште се радувам на теренот и сакам да одам понатаму, но без никаков страв од денот кога ќе се пензионирам. Има многу работи надвор од тенисот што ме радуваат и затоа нема напнатост во смисла дека не сакам да дојде тој ден “, вели 34-годишниот Надал.

Исто така, Надал зборуваше за фактот дека не секогаш ја имал големата поддршка од публиката на Ролан Гарос во Париз.

„На почетокот беше комплицирано на стадионот ‘Филип Шатрие’. На пример, кога играв со домашен тенисер или против Федерер, тоа беше така додека го немав освоено Ролан Гарос. Никогаш не го сфатив тоа лично, Франција е една од земјите во кои се чувствувам најсакано“, заклучи Шпанецот.

Надал има освоено 13 од своите 20 гранслемм титули на токму Ролан Гарос.

Се вчитува...