Тенисерот со најголем број титули на Ролан Гарос, Рафаел Надал имаше добар почеток на годинашното издание на грен-слемот, со победа од 3-0 во сетови против Егор Герасимов. Сепак Шпанецот не пропушти повторно да потенцира дека условите за игра во овој период од годината во Париз не се повoлни. Ролан Гарос беше презакажан поради пандемијата на коронавирусот. На оваа тема , Надал зборуваше и пред да почне турнирот.
„Не се жалев тогаш, само кажав каква е ситуацијата. Моето мислење не е промeнето. Условите беа исти како и пред четири, пет дена. Ова е сосема поинаков Ролан Гарос. Играме на истите терени, но се останато е потполно поинакво. Условите не одат во моја полза, но тоа не влијае на мојот ентузијазам и на мотивацијата за добар резултат. Ако не играм добро, вината е моја, не е до топчињата. Јас сум тој кој удира. Не сакам да барам изговори“ – изјави Надал кој за противник во второто коло ќе го има американскиот тенисер, Мекензи Мекдоналд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА