Надал не знае да изгуби сет, Шпанецот со убедлива победа над Синер обезбеди билет во четвртфиналето на Ролан Гарос

Рафаел Надал вечерва успеа да дојде до лесна победа од 3-0 (7-5, 6-3, 6-0) над Италијанецот Јаник Синер. Преку овој меч Шпанецот успеа да обезбеди место во четвртфинале на неговата омилена земјена подлога во Париз.

Во првиот сет се кршеше натпреварот, најпрвин Надал поведе со 2-0 правејќи брејк на Синер, но потоа следуваше кратка одмазда и израмнување на 2-2. Сепак, ваквата игра на противникот само дополнително го мотивираше Рафа, па тој успеа да обезбеди водство од 7-5.

Вториот и тертиот сет Шпанецот ги заврши рутински, без преголем напор успеа да дојде до убедлив резултат од 6-3 и 6-0 за нова голема и значајна победа со која се доближува до уште едно фиднале во Париз. Следниот противник на Надал ќе биде Диего Себастијан Шварцман.

Се вчитува...