Надал: Нема да играм долго како Федерер

Вториот тенисер на светот Рафаел Надал изјави дека не планира да игра до својата 37. година, како неговиот голем ривал Роџер Федерер. Шпанецот во моментот се наоѓа на турнирот во Индијан Велс, каде во полуфиналето би можел да се сретне со Швајцарецот.

„Да играте толку долго како и Роџер, мора да чувствувате страст кон играта. Второ, морате да водите сметка за своето тело и трето, желбата за победа мора секогаш да постои. Не верувам дека ќе играм толку долго. Но, да ме прашавте кога имав 25 години, сигурно би ви рекол и дека на 33 години нема да играм на ова ниво“, рече Надал. 

Мечот од четвртфиналето во Индијан Велс меѓу Хачанов и Надал ќе се игра вечерва со почеток во 21:30ч.

Се вчитува...