Надал: Ниту јас сум како Роналдо, ниту Роџер е Меси

Рафаел Надал кој е познат како голем навивач на Реал Мадрид вели дека повторно е комплетно навлечен на овој клуб. Со оглед на тешката претходна година вели дека сега се вратил на уживањето во игрите на кралскиот клуб.

„Повторно сум навлечен на Реал по тешката мината сезона и тешкиот почеток на оваа. Зборувам за Реал како аматер не како фудбалски стручњак. Како спортист мислам дека е тешко да се имаат толку лоши месеци. На почетокот на оваа сезона Реал имаше лоша атмосфера која се провлекуваше од минатата сезона. Фудбалерите продолжија да играат без меѓусебна доверба и без верба еден во друг. Тоа не ти дозволува да играш слободно ниту да го развиваш најдоброто кај другиот. Им требааа два месеци да се вратат и сакам да ги гледам. Доаѓањето на Азар е клучно“ – вели првиот тенисер на АТП листата.

Во интервјуто за Марка, Надал објаснува и за паралелите меѓу него и Федерер и меѓу Кристијано Роналдо и Лео Меси.

Тоа е невозможно да се споредува. Тоа се два комплетно различни спорта. Карактеристиките кои ги има Меси не се како оние на Федерер ниту пак јас и Кристијано имаме сличности“ – завршува Надал.

Рафаел Надал 2019 година ја заврши на првата позиција на АТП листата откако ја доби тесната трка со Новак Ѓоковиќ на крајот од годината.

 

 

 

Се вчитува...