Надал откажа: Морам на операција, не можам да играм во Лондон

Рафаел Надал ги разочара своите фанови објавувајќи дека нема да биде во можност да настапи на претстојниот АТП шампионат во Лондон. Шпанецот во последен момент го откажа Мастерс-турнирот во Париз, што придонесе да го загуби и првото место на АТП-листата, за денеска да обелодени дека нема да може да настапи ниту на завршниот турнир во британската престолнина.

„Искрено жалам што нема да можам да настапам во Лондон. Сторив се што можев за да се оспособам за настап, но по последните консултации со лекарите донесовме заеднички заклучок дека мора да заминам на операција на повредениот зглоб, за да бидам максимално подготвен за предизвиците во наредната година“ – истакна Надал.

Шпанските медиуми се изненадени од најновата повреда на врвниот тенисер, кој за време на УС опен се жалеше на болка во коленото, потоа имаше проблем и со стомачните мускули, за сега да се жали и на болка на зглобот.

Се вчитува...