Надал отворено за тоа зошто никогаш не освои титула во Париз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го прокоментира фактот зошто никогаш не го освои Мастерсот во Париз. Вториот тенисер на светот беше поразен од Александар Зверев во полуфиналето, а во кариерата само еднаш стигна до финалето во 2007 кога беше поразен од Давид Налбандијан со 6-4 и 6-0.

„Нема никој фрлено клетва на мене. Турнирот е тежок поради условите во кои се игра. Не е ненормално тоа што никогаш го немам освоено. Сепак, играат најдобрите тенисери во светот и самото по себе тоа е тешко“, изјави Надал. 

Надал веќе почна со подготовки за завршниот турнир кој годинава за последен пат ќе се игра во „О2“ арената во Лондон, а исто така еден од малкуте големи турнири кои ги нема освоено Шпанецот.

Се вчитува...