Надал: Ова е најемотивната победа во мојата кариера, можеби ова не е мојот последен Австралија Опен

Рафаел Надал испиша историја како првиот тенисер кој стигнал до 21. гранд-слем титула во кариерата откако славеше во големото финале на Австралија Опен над Данил Медведев со 3-2 по голем пресврт и негатива од 0-2 по првите два сета.

Шпанскиот тенисер по завршување на мечот не го криеше задоволството од настапот, а имаше и пофални зборови за рускиот тенисер кој се покажа како фантастичен противник.

„Пред се знам како се чувствува Данил, и јас бев во таа позиција неколку пати на овој турнир кога имав шанси да дојдам до трофејот. Но, не се сомневам во него и знам дека овој трофеј ќе го крене неколку пати во својата кариера. Сакам да ти честитам тебе, на твојата фамилија и тимот на се. Ова беше еден од најемотивните моменти во мојата кариера, го делев теренот со тебе и ти посакувам се најдобро во продолжението од кариерата. Не знам што да кажам, чувството е неверојатно. До пред месец дена не знаев ни дали ќе се вратам на теренот, а денеска го кревам трофејот пред сите вас. Не знаете колку се борев за да дојдам до тука, ви благодарам за љубовта и поддршката. Без сомнение ова е најемотивната победа во мојата кариера“, изјави Надал кој не ја исклучи можноста да се најде на истото место и следната година

„Не можам доволно да се заблагодарам на луѓето, тимот, семејството… знаеете колку ми беше тешко во последните година и пол. Во лошите моменти бевте тука да ме поддржите и без вас немаше да стигнам тука. Пред месец дена реков дека ова ќе биде последниот Австралија Опен во мојата кариера, но сега мислам дека сакам да продолжам. Ќе се потрудам, ќе пробам да дојдам тука и следната година“

Се вчитува...