Надал: Ова се случи сега и веројатно никогаш повторно

Рафаел Надал со триумфот над Новак Ѓоковиќ дојде до 34 титула од Мастерс турнирите што во моментов го прави подобар од најголемите ривали. Новак Ѓоковиќ кој има 33 и Роже Федерер кој е застанат на бројката од 27. Она што можеби беше поважно за Шпанецот е дека конечно освои трофеј во 2019 година. На специјалистот за земја не му се има случено да нема трофеј речиси до половина од годината уште од 2005.

Во финалниот триумф, Надал првиот сет против Ѓоковиќ го доби без загубен гем. Иако вели дека не прави разлика како ќе го добиете сетот,  Надал признава дека ова е ретка ситуација.

„Сеедно ми е дали ќе го добијам сетот со 6-4 или со 6-0. Тоа не ми е многу важно. Играв одличен меч од сите аспекти. Бев аргесивен, менував правец. Вакви денови се случуваат и веројатно нема никогаш да се повтори“ – рече Шпанецот по победата.

Надал со тирумфот урна и еден специфичен рекорд. Го престигна Борис Бекер по бројот на победи против играчи кои се на првото место на АТП листата. Ова му беше 20. ваков успех. И додека победите на Бекер се над повеќе играчи, триумфите на Надал се само над двајца тенисерти, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Се вчитува...