Надал пак повреден – го откажа Бризбејн, „виси“ и за Австралија опен

Рафаел Надал го пропушти финишот од ланската сезона поради повреда, а шпанскиот ас се соочува со здравствени проблеми и на почетокот од 2019 година. Тој допатува во Австралија и требаше да ја стартува сезоната со турнирот во Бризбејн, но Надал денеска ги разочара своите фанови објавувајќи дека нема да може да настапи на ова натпреварување.

Деталните прегледи покажаа мал проблем во мускулот. Сакав да играм, но препораките на лекарите беа децидни“ – истакна Надал.

Пораката е јасна, лекарите не сакаат да дојде до компликации на десетина дена пред стартот на Австралија опен. Шпанскиот тенисер би требало да биде максимално подготвен за гранслем турнирот во Мелбурн, но кога е Надал во прашање и неговите чести проблеми со повредите, никогаш не може да се биде стопроцентно сигурен.

Се вчитува...