Надал поради повреда го пропушта АТП купот, неизвесен и настапот на АО

Изненадувачки вести пристигнаа од Австралија, истите велат дека Рафаел Надал решил да го прескокне натпреварот на репрезентацијата на Шпанија против Јужна Африка, а причината е повреда на грбот. Надал ова го објави и потврди преку социјалните мрежи и потенцираше дека нема да може да настапи поради нова повреда.

Роберто Баутиста Агут ќе игра против Алекс де Минаѕур, додека Пабло Карења Буста ќе игра против он Милман. Ова ќе биде проследено со нова двојна борба, а за која паровите ќе бидат одредени подоцна. Останува да видиме каква ќе биде состојбата на Надал во текот на неделата и продолжението на турнирот.

Во групата Б, покрај овие две селекции, се наоѓа и грчкиот тим. Шпанија минатата година се пласираше во финалето на АТП-купот, каде беше поразена од Србија.

Се вчитува...