Надал после пет часа и пет сета борба, елиминиран од Жил Милер

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал доживеа елиминација од Жил Милер од Луксембург во епски меч кој се играше во пет сета и речиси пет часа на гранслем турнирот Вимблдон. Милер имаше повеќе нерви, концентрација и сила за да го комплетира маратонот победувајќи со 3-2 во сетови. Во последниот петти сет, кој се играше повеќе од два часа, Милер славеше со 15-13 во гемови. На овој дуел беа одиграни вкупно 66 тениски гема.

Жил Милер во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Хрватот Марин Чилиќ. Тој ги освои првите два сета со 6-3 и 6-4.

Но, возврати Рафаел Надал со иста мера, добивајќи ги следните два со 6-3 и 6-4. А потоа мечот влезе во исцрпувачки петти сет. Се играше долго, а на крајот сепак Милер успеа да го комплетира со сензационален триумф.

Мечот меѓу Новак Ѓаоковиќ и францускиот тенисер Адријан Манарино е одложен за утре.

Се вчитува...