Надал повторно подобар од Федерер на Ролан Гарос

Рафаел Надал е првиот финалист на овогодинешното издание на Ролан Гарос, откако во полуфиналето го совлада Роџер Федерер со максимални 3-0 (6-3, 6-4 и 6-2).

Првите два сета поминаа во неизвесна борба и одлична игра од страна на двајцата тенисери, но Шпанецот беше подобар во клучните моменти. Во вториот сет при резултат 4-4, Федерер не искористи три гем топки, а Надал со серија од пет поени успеа да стигне до брејк кој беше пресуден.

Третиот сет беше само формалност за Надал кој успеа да стигне до 12. финале на вториот Грен-слем во сезоната. Шпанецот противникот во финалето ќе го дознае по одигрувањето на второто полуфинале во кое се среќаваат првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ и Австриецот Доминик Тим.

Се вчитува...