Надал пред мегадуелот со Ѓоковиќ: Тој е еден од моите најтешки противници

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе се пресметаат во финалето на Ролан Гарос во битка за историја. Надал би можел да дојде до 13-. трофеј од турнирот во Париз и би се израмнил со Роџер Федерер според бројот на грен-слем титули додека Ѓоковиќ би станал првиот тенисер кој двапати ги освојува сите грен-слем турнири.

„Единственото што го знам во овој момент е дека против Новак Ѓоковиќ морам да играм најдобро што знам. Без тоа ќе ми биде тешко. Знам дека на овој терен во минатото имав успех, па тоа ми помага. Тој имаше добар учинок. Тој е еден од моите најтешки противници. Но, овде сум за да дадам се од себе“ – изјави Рафа Надал во пресрет на финалето.

Ова ќе биде втор дуел меѓу овие двајца тенисери во финале на Ролан Гарос. Претходно се сретнаа во 2012 година. Шпанецот славеше со 3-1 во сетови.

 

Се вчитува...